Спикерка ги прекина вестите поради неконтролирано смеење

Спикерката на една локална телевизија на Камчатка, Александра Новикова, направила грешка при читањето на вестите по што следело неконтролирано смеење.
За среќа, вестите не биле емитувани во живо, а видето со нејзината реакција кое било дополнително објавено станало вистински хит, но истото изнервирало и одредени гледачи.
Таа погрешно ја прочитала веста за зголемување на трошоците за социјална заштита, велејќи дека примачите ќе добијат дополнителни 500 рубљи за „меѓународни патувања”. Во оригиналниот извештај за зголемување на додатоците за инвалиди и воени ветерани пишувало дека бил предвидени 500 рубљи за патување на пациентите до центрите за лекување.
Токму зборот „меѓународни” наместо „градски” предизвикал неконтролирано смеење кај водителката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.