Нереално е секси, милиони мажи ја посакуваат, а таа вели дека досега била само со еден маж

Кендис Свонпул на Инстаграм објавила жешка фотографија од одморот на Јамајка, а иако е една од најубавите жени на планетата, таа спиела само со еден маж.
Атрактивната блондинка и ангел на “Victoria’s Secret”, по која воздивнуваат многу мажи, е мајка на две деца, а многумина ги изненадиле тврдењата дека во животот спиела само со еден маж, со кој била од 2005-та до 2019-та година.
Манекенката овие денови има прилично пополнет распоред поради обврските на модната недела во Њујорк, а одработила и модна ревија на славниот дизајнер Оскар де ла Рента, но изгледа дека повеќе сакала да биде на друго место.

 

View this post on Instagram

 

? ?

A post shared by Candice Swanepoel (@angelcandices) on


Тоа го открила на Инстаграм, објавувајќи жешка фотографија од одморот на Јамајка, на која позира во минијатурно црно бикини.
“Од местото на кое сега повеќе би сакала да бидам”, напишала кратко покрај објавата.
Сексапилното издание на 31-годишната манекенка им се допаднало на нејзините фанови, па во коментарите и оставиле бројни комплименти.


“Изгледаш прекрасно”, “Ова е вистински рај”, “Убавица”, “Кралица на Јамајка”, “Би сакал да сум таму крај тебе”, “Ти си прекрасна жена”, “Те обожувам”, и порачувале фановите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.