Златото достигна највисока вредност во однос на еврото

Цената на златото на светските берзи денеска во еден момент беше највисока во историјата во однос на еврото, додека според доларот го достигна двонеделниот максимум.
Тоа се случи бидејќи инвеститорите бараа сигурно засолниште за капиталот откако компанијата „Епл“ предупреди на негативното влијание на новиот коронавирус на нејзиното работење.
Спот цената на златото беше 1.597,71 долари за унца односно забележа раст од 0,75 отсто. Цената на златото во однос на еврото се зголеми за 1,14 на 1.475,97 евра за унца.
И цената на паладиумот забележа раст од 0,76 отсто и изнесуваше 2.537,26 долари. И среброто се продаваше за 1,22 отсто поскапо односно една унца чинеше 18 долари.
Производителот на ајфон предвидува пад на своите приходи во вториот квартл поради епидемијата на новиот коронавирус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.