Исламистите го гранатираа Кобане

Борците на Исламската држава денеска го гранатираа сирискиот град Кобане, во кој и понатаму продолжуваат да се борат против Курдите, денеска соопштија активистите.Идрис Насан, вишиот курдски функционер во Кобане, прецизираше дека денешните борби биле сконцентрирани врз источните и јужните краеви на градот.
Во соопштението на сириската Опсерваторија за човекови права, се додава дека јужните делови од градот од три страни биле опколени со борците на ИД.
ИД покрена офанзива на Кобане кон средината на септември, при што биле киднапирани околу десетина луѓе.
Претходно неделава, американската Централна команда, соопшти дека воздушните сили на САД извеле 135 водзушни напади врз положбите на милитантите во Кобане и околу него, притоа убивајќи стотина борци на ИД.Идрис Насан, вишиот курдски функционер во Кобане, прецизираше дека денешните борби биле сконцентрирани врз источните и јужните краеви на градот.

Пронајдете не на следниве мрежи: