Обезглавени тела по улиците, човечки глави набиени на шилци, мртви тела врзани за ограда и минувачи кои се прават дека ништо не забележуваат… Секој се прави слеп за се што се случува… Ова е снимка од јули направена во главното упориште на Исламската држава, во сирискиот град Раки. Градот стана тврдина на озлогласените борци на ИСИЛ, откако во тој дел од земјата ја поразија војската на претседателот Башар Ал Асад.
Како што се објаснува во текстот на „Дејли мејл“, на видеото се забележани ситуации во кои припадниците на ИСИЛ им зборуваат на децата да не ги слушаат своите родители и да им се придружат. Никој не смее да се побуни зашто ќе биде убиен…
„Се колнам во Бога дека ќе доживеете калифат како во пророштвото. Или бидете со Исламската држава или ќе бидете убиени“ – порачува еден џихадист на група момчиња.
Секој се прави слеп за се што се случува… Ова е снимка од јули направена во главното упориште на Исламската држава, во сирискиот г


