Првичната функција на џепчето од внатрешната страна на женските гаќи е да се спречи развојот на бактерии кои можат да настанат во контакт со синтетички материјал.
Според прописите на светските здравствени стандарди, внатрешниот дел на гаќите кој е во директен контакт со интимните делови, мора да биде покриен со природен материјал, т.е. памук.
Ова е особено важно кај синтетичките модели на долна облека. Природниот материјал мора да биде сошиен во гаќичките, но шавовите на две места би можеле да го иритираат интимното подрајче, па затоа од едната страна не се прицврстува за гаќите.
Токму ова е одговорот на прашањето за што служи малиот џеб кој не служи за носење предмети.
Неговата намена е спречување допири со синтетички материјали кои се одлично тло за развивање бактериски инфекции. Природниот материјал овозможува непречено дишење на интимните делови и добро впива евентуални телесни течности.