Она што се плашите да го прашате својот гинеколог!

Ова се само неколку одговори на прашањата поврзани за сексуалниот живот и здравјето на половите органи, а кои вашиот гинеколог најверојатно никогаш не ви ги кажал.

Контрацептивните пилули ја намалуваат сексуалната желба
Некои студии покажале дека ова за жал е точно. Она што може да направите е да ги промените пилулите, а ако тоа не помогне обидете се со друго контрацептивно средство.

Мигрените ја зголемуваат желбата за секс
Не бидете изненадени ако имате засилен сексуален нагон за време на нападот на мигрена. Научниците тоа го поврзуваат со зголемување на нивото на серотонин во мозокот кој влијае на сексуалниот апетит. Скорешните истражувања покажале дека мигренозната болка престанува за време на оргазмот кај повеќе од 20% од жените. Сексот е лек против менструални грчеви, најверојатно затоа што за време на оргазмот се ослободуваат биохемиски состојки кои минувајќи низ телото ја опуштаат матката и ја ублажуваат болката.

Оралниот секс ги зголемува шансите за враќање на кандида
Студиите спроведени на Универзитетот во Мичиген покажуваат дека за време на односот мажите генерално не пренесуваат кандида на жените. Повторното добивање кандида е најверојатно имун одговор на жената. Од друга страна, оралниот секс ја зголемува можноста за враќање на кандидата било партнерите да ја имаат во устата или не. Хормонскиот дисбаланс, високото ниво на шеќер, одредени антибиотици, пилули за контрацепција или стрес може да го предизвикаат ова заболување.

Ризикот од инфекции се зголемува за време на циклусот
Ако имате секс во тек на менструалниот период, речии е невозможно да забремените, но затоа се зголемува можноста да закачите инфекција. Промените во балансот на забите и киселината во вагината за време на циклусот го олеснуваат размножувањето на бактериите.

Како да се намали ризикот од појава на вагинитис
Вагинитис е иритација или воспаление на вагината предизвикано од прекумерното вагинално лачење, печење и чешање. Памучната долна облека и периодичната промена на детергентот за перење може да ја спречат појавата на оваа болест. Се препорачува и избегнување на парфимирани сапуни, дезодоранси за интимна нега и други слични производи.

Теми поврзани со посета на ГИНЕКОЛОГ ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.