Мајстор за сендвичи: 5 совети за мали ремек-дела

Кога ги каните пријателите на гости, или кога вашиот партнер одеднаш доаѓа да ве посети и треба да бидете гостопримливи, најбрзиот начин да направите да се чувствуваат како дома е да подготвите храна што ќе испрати позитивна порака.
Мајстор за сендвичи: 5 совети за мали ремек-дела
Сендвичите (сега и во форма на канапеи) се универзална храна – тие остануваат врежани во сеќавањата како симбол за безгрижното детство, а брзо и лесно може да ги направите. Сепак, сакате она што го ставите на чинијата и да изгледа убаво. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да станете мајстор на сендвичи:
1. Како да изберете леб?
Кога купувате леб, прво размислете за состојките (дали ќе има повеќе течни состојки во сендвичите како преливи или сосови или цврсти состојки?). Ако има повеќе течни состојки, предлагаме лебот да биде што е можно подебел.


Трик: Ако, на пример, се определивте за багет, не го засекувајте на половина, туку измерете 2/3 од дебелината за да го пресечете.
2. „Богати детали“
Колку е подебел и потемен лебот, толку подобра ќе биде вашата закуска. Сепак, некои од овие лебови може да содржат некои состојки кои ќе го променат вкусот на додатоците. Некои од нив, на пример, содржат разни семиња врз кората. Секогаш може да го решите ова со отстранување на површинскиот слој од лебот. За уште побогат изглед, поиграјте си со додавање најразличен зеленчук, оставајќи ја вашата имагинација да „заблеска“.
3. Ако вашиот избор е подготовката на тостови
Не користете тостер во овој случај. Нежно запечете ја само едната страна од парчето леб до златно жолта боја. Потпечената страна нека биде таа на која ќе ги редите останатите состојки. Придобивки: Потпечената страна ќе спречи да се натопи лебот и ќе послужи како пречка за протекување на сосот од страните, а чувството при загризување ќе биде поубаво.
4. Задржете ја структурата на кашкавалот
Ако кашкавалот/сирењето е составен дел од вашиот сендвич, оставете ја оваа состојка да има почесна позиција во „првата линија на одбрана“, веднаш до лебот. Ако, пак, користите топено сирење, неговото место е до месото, чиј вкус ќе го засили.
5. Внимателно одберете што ќе додадете во вашиот сендвич
Не претерувајте со „киснење“ на сендвичот со премногу сезонски зеленчук. На пример, направете сендвич од шунка и аспарагус, на страна ставете рукола со малку оцет или лимон, а потоа распоредете ја над другите состојки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.