Карпош забрани користење на детските игралишта во напор да се сузбие КОРОНА ВИРУСОТ
Општина Карпош ги затвора сите детски игралишта, кои се заградени и кај кои постои можност да се заклучат. Целта е да не се собираат групи на деца и родители, а како резултат на спречување на ширење на Covid – 19 (коронавирус).
На територија на Карпош постојат и повеќе игралишта, фитнес зони кои се отворени. Ги повикуваме сите граѓани да не се собираат и да не ги користат овие рекреативни зони.
Имено, од вчера целосно се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел, се интензивираат и контролите на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија. Станува збор за одлука од 23 – та седница на Владата.
Повторно повикуваме на целосно почитување на препораките за заштита од коронавирус.
Прочитајте и ова на иста тема:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.