Жена намерно кашлала на производи во продавница, па завршила со лисици

Жена која намерно кашлала на храна во продавница во Пенсилванија се соочува со кривична пријава, соопшти полицијата.
Неименувана жена влегла во супермаркет и почнала да кашла на пекарските производи, месото и останатите продукти, објави на социјалните мрежи сосопственикот Џо Фасула.
Вработените морале да ги тргнат производите од полиците и да ги дезинфицираат местата на кои таа кашлала. Се проценува дека робата која била отстранета е во вредност од околу 35.000 долари.


Жената набрзо било отстранета од продавницата, а полицијата неколку часа подоцна ја привела.
-Официјалните лица не веруваат дека таа е заразена со коронавирус, но соопштиле дека ќе направат се за таа да биде тестирана, напиша Фасула.
Тој вели дека однесување на жената е „многу лоша шега“, а продавницата морала да го фрли секој производ со кој жената имала контакт.
Се уште не е познато со какво обвинение ќе се соочи жената откако заврши третманот за ментално здравје. Американското министерство за правда претходно соопшти дека луѓето кои намерно го шират коронавирусот би можеле да бидат обвинети за тероризам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.