Околу 92 процента од заразените со новиот коронавирус во Кина се излекувани и нивниот број во последните недели се зголемува, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јазаревич.
Од 81.000 заболени случаи во Кина, повеќе од 74.000 веќе се испишани од болниците, рече Јазаревич.
Јазаревич нагласи дека согласно препораките на СЗО, пациентот може да биде испишан од болница по два последователни негативни теста, чија временска разлика на тестирањата треба да биде најмалку 24 часа.