Масни наслаги на лицето?

Масни наслаги на лицето?

Многу често се случува со зголемувањето на вашата тежина, лицето да ви стане побуцкасто. Понекогаш може да забележите дека лицето ви е здебелено, а всушност вие да не сте качиле ниту едно килце. Во секој случај, никој не сака да има буцкасто лице, затоа што нема како да го прекриете.
СОВЕТИ
Има неколку начини кои што можат да ви помогнат да се ослободите од масните наслаги на лицето, без да легнувате под нож.
Многу често буцкастото лице е резултат на недостатокот на вода.
Намалете ја консумацијата на сол и алкохол. Алкохолот и солта предизвикуваат задржување на вода во телото, а лицето е склоно да задржува вода. Алкохолот го дехидрира телото и ја расипува вашата диета.

Пијте многу вода. Во идеален случај, вие би требало да пиете 8 чаши вода дневно. Многу често буцкастото лице е резултат на недостатокот на вода. Ако ви е досадно да пиете само вода, додајте во неа сок од зелен или жолт лимон. Тоа ќе ви помогне да ги елиминирате токсините од телото.
Јадете свежа непреработена храна. Вклучете сурови зеленчуци и овошје во вашата секојдневна исхрана.

Избегнувате ги јаглехидратите и шеќерите. Внесувајте повеќе растителни влака и намалете ја консумацијата на масти. Ако го правите тоа, вашето тело ќе биде поздраво и ќе имате повеќе енергија.

Прочитајте и:

ПЕТ ПРАВИЛА ЗА ВОДА: КАКО, КОЛКУ И КОГА ДА СЕ ПИЕ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.