Црвени пиперки полнети со фета
Лесно и вкусно јадење, кое брзо и едноставно се прави.
СОСТОЈКИ:
5-6 свежи пиперки
500 гр фета сирење
3-4 лажици кисела павлака Пекабела
сув зачин
бибер
магдонос
оригано
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад соединете фета сирење и павлака, додајте зачини, па убаво измешајте. Пиперките полнете ги со оваа смеса и редете ги во плех, па малку пропрскајте ги со масло.
Печете на 250 степени околу 20 минути. Зачини ставајте по желба.
Добар апетит!