Појадок – Палачинки со спанаќ, јајца и гауда

Појадок или вечера какви што не сте јаделе, спанаќ палачинки со омлет.
СОСТОЈКИ:
2 јајца
300 мл. млеко
300 гр. брашно
½ лажички сол
400 гр. спанаќ
8 јајца за фил
300 гр. гауда кашкавал


ПОДГОТОВКА:
Се мие спанаќот, се обарува 10 минути во солена вода и се цеди, па се пасира.
Се матат јајцата со млеко и сол и се додава пирето од спанаќ, со брашно и се меша да се добие тесто.
Се пржат палачинките на малку масло во тава.
Во истата тава се прават омлети колку што ќе имате палачинки.
Се матат добро 2-3 јајца, се ставаат во тавата, се става омлетот вр без да се меша претходно на првата палачинка, а горе гауда.
Се витка како ролат и така се прави со сите останати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.