Британскиот престолонаследник, принцот , војвотката од Корнвол, во четвртокот прославиле 15 годишница од брак во нивниот дом во Шкотска, пренесуваат британските медиуми.
Палатата објави дека не планирале никаков јавен настан за да се одбележи годишницата.
Британија е во карантин поради коронавирусот, а принцот Чарлс минатата недела се опоравил од благите симптоми на Ковид-19.
Камила до понеделникот била во самоизолација.
Пред годишнината, Кларенс Хаус објавил фотографија од парот направена во средина на нивниот дом во Шкотска, на која се и двете кучиња на Камила, Блубел и Бет.
Чарлс (71) и Камила (72) се венчале во 2005-та година, после контроверзијата поради нивната врска која траеше додека принцот беше во брак со трагично починатата принцеза Дајана, мајка на нивните синови.
Камила е оттогаш прифатена како рамноправен член на британското кралско семејство.