По 2621 година ќе нема Јужнокорејци?

Според истражувањето, нарачано од либералната Демократска коалиција за нова политика и спроведено од Истражувачкиот сервис на Националното собрание во Сеул, Јужнокорејците ќе изумрат до 2750 година. 
 Први ќе изумрат жителите на јужното пристаниште Бусан, град каде популацијата најбрзо старее. Последниот жител на Бусан ќе се роди во 2413 година, се заклучува во студијата. До 2056 година бројот на жителите на Јужна Кореја ќе се намали од 50 милиони на 40 милиони, а до 2100 на 20 милиони.

Владата на Јужна Кореја во изминатите неколку години воведе мерки за да се избори со овој проблем, за кој верува, се случил како последица на кампањата за намалување на семејствата во осумдесеттите години од минатиот век, поради екстремните високи трошоци на приватното школување, кое сега е забрането.
“Последниот жител на главниот град Сеул ќе се роди во 2505 година, додека последниот Јужнокореец ќе се роди во 2621 година” – јавуваат од весникот Чосун Илбо. Први ќе изумрат жителите на јужното пристаниште Бусан, град каде популацијата најбрзо старее. Последниот жител на Бусан ќе се роди во 2413 година,

Пронајдете не на следниве мрежи: