Поради пандемијата на коронавирус, поголемиот дел од светските плажи се затворени за јавноста. Според правилото на социјална дистанца, многумина стравуваат дека оваа година нема да може да се оди на летен одмор.
Баш поради тоа, италијанската компанија „Nuova Neon Group 2“, претставила своевидно решение во вид на кабина од плексиглас кое би можело да се постави на плажите и така да се направи дистанца помеѓу капачите.
Ok, box in plexiglass che ti blocca l’eventuale brezza a parte, a me ‘sta cosa del distanziamento pare una figata.
Magari è la volta buona che in Liguria, in spiaggia, si respira un po’.#coronavirus #spiaggia #Estate2020 pic.twitter.com/0OayTOvQtx— ♡·.·・🎀 𝐸𝓇𝒾𝓀𝒶 ~ エリカ 🎀・·.·♡ (@erika_aln) April 14, 2020
Кабините за плажа се високи околу два метри, широки околу 4.5 метри, односно доволно пространи за да се постават две лежалки и чадор за сонце.
„Пред една седмица се обидовме да замислиме како ќе изгледа враќањето на плажа. Идејата е родена со желба да се заштитиме, но и за да овозможиме повторно враќање на активностите во текот на летото“ – изјавил Клаудио Ферари, директор на горенаведената фирма.
Инаку, оваа фирма се занимава со производство на панели, а во последно време се специјализирани за изработка на заштитни прегради за банките, болниците, но и рестораните.
Ферари признал дека веќе почнале да применуваат продажба на таквите конструкции на италијанските плажи…