КОРОНАВИРУС: 7 нови случаи, еден пациент почина

Регистрирани се 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови.
Потврдени се 7 нови случаи на ковид 19 и со ова вкупната бројка на дијагностицирани случаи во нашата земја е 1231. По градови:Куманово-2, Тетово-3, Кочани-2.
Филипче: И предложивме на Владата да се намали полицискиот час
Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст.Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.
Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1231. Во изминатото деноноќие направени се 207 теста.
Пронајдете не на следниве мрежи:



