Израел мобилизира нови 10.000 резервисти

Министерството за одбрана на Израел побара денеска од владата да мобилизира до 10.000 резервисти да ги заменат други резервисти на бојното поле, или во цивилната одбрана, кој се пратени дома на одмор јавуваат израелските медиуми.Владата ја одобрила оваа мерка откако рано утрово во израелскиот воздушен напад на југот од појсот Газа се убиени тројца командири на военото крило Хамас и таа исламистичка организација се заканила со одмазда.
Израелската војска денеска попладне објави видео снимка од тој удар. Вкупно 86.000 резервисти се мобилизирани од почетокот на судирите 8 јули.
Многу од нив ја замениле редовната војска на другата палестинска територија на Западниот брег, која се премести на границата со Газа.
Некои резервисти исто така заземале позиција околу Газа.
Израелската војска исто така соопшти дека повеќе од 300 ракети се исфрлени на Израел од вторникот попладне, кога пропаднал привремениот прекин на огнот и се запрени преговорите за трајно смирување.
Водачот на Хамас Калед Машал, кој живее во егзил, изјави денеска во интервју за турската новинска агенција дека Хамас ќе продолжи да се бори додека Израел не ги исполни условите на таа организација за трајно примирје.
Тој исто така го обвини Израел за „холокауст“ во Газа повторувајќи го она што „Хитлер го направил пред повеќе години“, како што пренесуваат израелските медиуми.Владата ја одобрила оваа мерка откако рано утрово во израелскиот воздушен напад на југот од појсот Газа се убиени тројца командири на военото крило

Пронајдете не на следниве мрежи: