Џеф Безос и Елон Маск спечалија од кризата

Џеф Безос и Елон Маск спечалија од кризата

Во САД над 20 милиони американци ги загубија своите работни места како последица на КОРОНА ВИРУС ПАНДЕМИЈАТА.

Истовремено комбинираното богатство на милијардерите на Америка, вклучително и основачот на Amazon.com Inc, Џеф Безос и шефот на Тесла АД, Елон Муск, се зголеми за скоро 10% за време на тековната пандемија, се вели во извештајот објавен од Институтот за студии на политики (IPS).

САД: скоро 49.000 починати, над 1200 починати денеска

Ова е приказна за две пандемии, со многу нееднаква жртва“, рече Чак Колинс, коавтор на извештајот. За време на периодот од 1 јануари до 10 април годинава, 34 од најбогатите милијардери во САД бележат зголемување на нивната нето вредност за десетици милиони долари, се вели во извештајот.

Според извештајот на ИПС, осуммина од овие милијардери, вклучувајќи Безос, основачот на Зум Видео комуникации АД, Ерик Јуан и Муск, забележале скок од една милијарда американски долари во нивната вкупна нето вредност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.