Ги прекрсти нозете и позираше во дел од станот вреден 300 илјади евра- наместо во неа фановите гледаа во овие луксузни детали

Српската пејачка Ана Сервиќ која од првиот ден се придржуваше до правилата на вонредната состојба, а сега покажа и каде ужива за време на карантинот заедно со својата ќерка Лорена која ја доби во брак со пејачот Дарко Лазиќ и нејзиното момче Даниел.
-Останете дома со стил. Подготвена за викенд карантин, еден, два, три…, напиша таа под објавените фотографии на Инстаграм.


Таа додека се фотографираше пред својот гардеробер покрена лавина од коментари поради луксузот кој владее во нејзиниот дом.
„Блажен е оној кој те има“, Вистинска штета што ги прекрсти нозете“, „Презгодна“ се само дел од коментарите.


Инаку станот во кој живее таа се наоѓа во најлуксузниот дел на Белград и и припадна на Ана по разводот со Дарко Лазиќ. Српските медиуми пишуваат дека тој е во вредност од 300 илјади евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.