Ви предлагаме уште еден вкусен кремаст напиток, покрај далгона кафето кое е апсолутен хит. Сите оние кои не пијат кафе или го намалиле неговиот внес, можат да ја подготват оваа бескофеинска напивка според истиот принцип.
Совршенство од јагоди: Кремаст напиток што ги воодушеви жените не на социјалните мрежи
Блогерката за храна, Валентина Муци на својот профил на Инстаграм под именувањето Sweet Portfolio објави видео-упатство за напивка со матено млеко и јагоди, која со својот вкус плени многумина за многу кратко време.
Матеното млеко со јагоди има кремаста текстура, сладок вкус и неодолива розова боја. Згора на тоа, многу е лесно да се подготви ако имате миксер и овие неколку состојки дома.
Потребни состојки (за 2 лица):
1 лажица гранули од инстант напиток од јагода (или какао, за чоколадна варијанта)
4 лажици слатка павлака
400 мл млеко
неколку коцки мраз
Начин на подготовка:
Во голем сад измешајте ги слатката павлака и гранулите од инстант напиток со вкус на јагода. Изматете ги состојките го со миксер додека не се претворат во крем.
Поделете го млекото во две чаши и додајте по неколку коцки мраз.
Користејќи лажица, нанесете ја смесата од јагоди на врвот од млекото. Измешајте го кремот од јагоди со млеко пред да го пробате овој вкусен напиток. На здравје!