Доаѓа време кога многу почесто ќе јадеме салати, што поради виоките температури, што поради големиот избор на зеленчуци…
Добро е понекогаш да ја промените класиката, односно маслото и оцетот да ги замените со некој вкусен сос кој и од наједноставната марула може да создаде совршена хармонија на вкусови.
Ви предлагаме 3 такви:
Прелив од мед и сенф
Одлично оди со салати со пилешко, бело месо, домати, кромид и авокадо.
Состојки:
1/3 шолја мед
5 лажички сенф
1-2 лажички јаболков оцет
Сол
Малку ситно сечкан лук, по желба
Прелив од сусам и ѓумбир
Овој сос додава малку егзотичен, по малку ориентален вкус на сите салати од тестенини или на салатите од рендана зелка, морков и цвекло.
Состојки:
½ шолја масло
¼ шолја оцет
3 лажички соја сос
1 лажичка кафеав шеќер
2 лажички ситно сечкан лук
1 лажичка рендан ѓумбир
1 лажичка потпечен сусам
Прелив од сино сирење
Ова е опција за сите кои сакаат силни вкусови, а добро одговара со сите видови на зеленчуци, во комбинација со пропржена сланина.
Состојки:
100g сино сирење
4 лажички нискомаслена павлака
3 лажички мајонез
Малку вински оцет
Насечкан лук и магдонос, доколку сакате
Бибер и сол