„Уметничкото дело“ кое го направила една лабораториска техничарка покажува колку микроби се наоѓаат на неизмиени раце на дете, пренесува „Mirror“.
Фотографијата е направена за да им се покаже на студенти по микробиологија колку колонии на габи и бактерии ќе се создадат на нечија рака по доаѓање од надворешна средина.
Лабораториската техничарка Наташа Струм го чекала својот син да се појви после игрите надвор, за да му ја стави раката на агарна плоча.
После тоа ги покажала резултатите на час по микробиологија.
Резултатот од отпечатокот на раката е речиси со вонземјански изглед и покажува колку микроорганизми живееле на рацете на нејзиниот син пред да ги измие.
Ова е право време да ја видите оваа фотографија, додека во светот сè уште владее пандемија на коронавирусот, па добро е да се потсетите колку е важно редовното миење на рацете.
„На почетокот на првата година, на студентите им велиме дека микробите се насекаде. Ова е еден од начините на кои сакав тоа да им го докажам. Важно е сите да знаат дека отпечатокот од раката на мојот син не е ништо поразличен од отпечаток на било кој друг кога ќе ја направи истата работа. Бактериите се насекаде и затоа е важно сите да одржуваме хигиена на рацете редовно“, заклучила таа.