СЗО предупредува дека е можно Ковид-19 никогаш да не исчезне

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека Ковид-19 можно е никогаш да не исчезне. За време на прес-конференцијата во Женева, извршниот директор на програмата за итни случаи во СЗО, д-р Мајк Рајан, изјави дека не може да се направат предвидувања кога светот ќе се справи со вирусот.
-Важно е тоа прашање да се стави на маса: овој вирус може да стане уште еден ендемичен вирус во нашите заедници и можеби никогаш нема да исчезне. ХИВ се уште е тука, но ние најдовме начин да живееме со вирусот, рече Рајан.
Тој додаде дека дури и по пронаоѓање на вакцината, контролирањето на новиот вид ќе бара огромен напор. Во моментот се во тек повеќе од 100 тестирања за добивање на адекватна вакцина.
Повеќе од четири милиони луѓе низ светот се заразени со Ковид-19, а досега умреа повеќе од 300.000.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.