Двајца пациенти заразени од ЕБОЛА на лекување во САД!

Двајца американски пациенти, кои се заразиле со ебола при нивниот хуманитарен ангажман во Северна Африка пристигнаа на лекување во Атланта. Во Африка продолжува борбата против епидемијата.За првпат во САД ќе бидат медицински згрижени пациенти со ебола. Инфицираниот американски лекар Кент Брентли (на насловната фотографија десно) беше пренесен со авион со изолирана просторија од Либерија до воениот аеродром во сојузната држава Џорџија, од каде што беше превезен во специјалниот оддел на универзитетската клиника во Атланта. Со него патуваше исто така инфицираната мединска сестра Ненси Врајтбол. И двајцата американски државјани се инфицирале со ебола за време на нивниот хуманитарен ангажман во Западна Африка.
Надлежниот лекар Брус Рибнер наведе дека здравствената состојба на двајцата пациенти била „стабилна“. Тој уверуваше дека биле преземени сите неопходни мерки за да се спречи проширување на опасната болест во САД.
Според податоци на Светската здравствена организација (СЗО) досега најмалку 729 луѓе починале поради вирусот во Западна Африка, меѓу нив 60 медицинари. Повеќе од 1300 луѓе биле инфицирани. Ова е прва епидемија на особено пасниот Заир-ебола вирус во регионот. Досега нема ниту допуштена вакцина, ниту терапија.

Афика се бори против епидемијата
На вонредна конференција за борба против еболата во Конакри, главниот град на Гвинеја претседателите на погодените земји во петокот одлучија да ја изолираат заедничката гранична област и да ја прогласат за карантен. „Ние шефовите на државите сакаме да ја увериме меѓународната заедница дека епидемијата нема да се прошири во други земји“ се вели по средбата во соопштението на регионалната економска заедница „Mano River Union“, во која покрај Гвинеја членуваат и Либерија, Сиера Леоне и Брегот на слоновата коска.
СЗО најави програма во вредност од 100 милиони долари (околу 75 милиони евра) за борба против еболата. На средбата во Конакри генералната директорка на СЗО Маргарет Чан предупреди дека епидемијата би можела да заземе катастрофални размери доколку не биде брзо ставена под контрола.За првпат во САД ќе бидат медицински згрижени пациенти со ебола. Инфицираниот американски лекар Кент Брентли (на насловната фотографија десно) беше

Пронајдете не на следниве мрежи: