Ердоган: Убиените бебиња во Газа немаат медиумско внимание

Американско-еврејскиот конгрес ја побара назад наградата што ми ја додели. Доколку ја поддржувате  оваа тиранија, овој геноцид, овој хитлеровски фашизам и режим кој убива деца, тогаш земете ја оваа награда и со неа правете што сакате, порача турскиот премиер и претседателски кандидат Реџеп Тајип Ердоган на митинг во турскиот град Ван, јави агенцијата Анадолија.„По што ова што Вие го правите се разликува од тоа што го правеле Хитлер и нацистите?“, запраша Ердоган, алудирајќи на Израел и неговата офанзива во Газа.
Потсетувајќи на тоа дека Израел во текот на Рамазан и Бајрам во Газа сееше смрт, не водејќи сметка дали се во прашање цивили, жени или деца, рушејќи се пред себе, не обрнувајќи внимание дали е во прашање училиште, болница, џамија, Ердоган изјави дека „во 25 дена се убиени околу 1.300 наши браќа во Газа. Од таа бројка околу 250 се деца, 100 жени… Децата во Газа не ја почувствуваа радоста на Бајрам, за Бајрам не можеа слободно да излезат на улиците, да играат во парковите, туку станаа шехиди во своите домови, на улиците, парковите и на брегот на морето“, изјави Ердоган.
Ердоган на митингот изјави дека на некои им пречи кога „нехуманоста на израелската управа ја споредува со геноцид, како што им пречи и кога тоа што Израел го прави го споредува со тоа што Хитлер и нацистите го правеле“. Затоа, од  Ван тој му порача на светот дека нема разлика меѓу тоа што го прави Израел и тоа што го правеле Хитлер и нацистите.
„Како да го окарактеризираме тоа што го прави Израел освен како геноцид. Тоа е расизам, фашизам, тоа е оживување на духот на Хитлер. Според нив, да убиете  муслиман е легитимно но…“, порача Ердоган.
Ердоган додаде дека убивањето бебиња на Западот нема медиумско внимание ниту како неколку насукани китови.„По што ова што Вие го правите се разликува од тоа што го правеле Хитлер и нацистите?“, з

Пронајдете не на следниве мрежи: