Меко во средината и крцкаво однадвор, воздушесто, со богат чоколаден вкус… кој може да му одолее на чоколадното суфле?
Лесно може да го подготвите со едноставни состојки и директно на кујнската рингла, без печење и премногу мака.
Потребни состојки:
100 g рафиниран, бел шеќер
100 g сончогледово масло
100 ml млеко
1 јајце
1 пакетче ванилин шеќер (или 1 лажица екстракт од ванила)
1 пакетче прашок за печиво
2 лажици какао
8 лажици брашно
Малку путер за премачкување
Начин на подготовка:
Јајцето се мати со шеќерот и ванилиниот шеќер.
Се додава полека маслото, па млекото, се промешува, а сосема на крајот се додава какаото, брашното и прашокот за печиво.
Подготвените садови (најдобро керамички или порцелански, секако огноотпорни) се премачкуваат со путер.
Се полнат со смесата, но внимавајте да не ги преполните, бидејќи истата ќе нарасне, па оставете простор околу 2 прста. Директно во смесата ставете 2 коцки чоколадо по избор, млечно или темно.
Во поголемо тенџере налијте вода, околу 1,5 cm и наредете ги садовите со смесата. На највисока температура и загреана рингла, покријте го тенџерето со чиста крпа, па поставете го капакот.
Оставете го суфлето да се готви околу 15 минути, без да го отворате капакот.
Сервирајте со свежо овошје по желба или посипете во суфлето со шеќер во прав.