За Караџовски кривата на новозаболени и починати е шала: Се смеевме денеска…

„Не сум убил некој да чувствувам одговорност, сум давал стручно мислење за одредени прблеми во државата. Јас сум 27 години професионалец во 13 министерски влади кои биле претходно. Сè што работам, работам во интерес на државата, а тоа колку пати не сум ручал, вечерал или дошол дома, тоа јас знам“- истакна денес епидемиологот и претседател на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски.
Тој ги обвини граѓаните дека се виновни за ширењето на коронавирусот, а потоа почна да ги навредува новинарите и да им кажува како треба да известуваат.
-Реков дека ја следиме состојбата на двонеделен период кој што ни укажува, инциденцата на 100.000 жители, во моментов имаме, јас би го нарекол таканаречена, НА ШАЛА, СЕ СМЕЕВМЕ ДЕНЕСКА, крива која се зголемува и паѓа, па повторно се зголемува и паѓа…, рече тој!

Граѓаните кои стравуваат за своето здравје, а особено семејствата на кои коронавирусот им ги одзема најблиските, се шокирани и гневни по оваа изјава на Караџовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.