За првпат од појавата на коронавирусот во земјава, во еден ден во Кичево се регистрирани тројца новозаразени граѓани. Во Дебар пак, се врати коронавирусот и за само едно деноноќие има 18 нови случаи. Вкупниот број на заболени од коронавирусот во Дебар е 29.
Во Кичево станува збор за две помлади и една постара личност. Тројцата се со лесна клиничка слика и сите се наоѓаат во домашна изолација.