Се наоѓаме во зимскиот период каде покрај разновидната туршија, се наоѓа и незаменливата кисела зелка.
Поголемиот дел од домаќинките мака мачат што ручек да подготват за своите домашни.
За денеска ви предлагаме да приготвите мусака со кисела зелка.
За овој рецепт потребни ви се следниве состојки…
1 kg кисела зелка
500 g мелено месо
1/2 чаша ориз
глава кромид
јајца и 2 жолчки
2 dl кисело млеко
малку обично млеко
сол и црн пипер
Начин на подготвување…
Зелката треба да се испржи, оризот треба да се свари во солена вода и да се исцеди, месото да се испржи со кромидот да се посоли да се стави црн пипер, откако ќе се излади треба да се додадат јајцата.
Во земјин сад или тепсија треба прво да се стави зелката, па оризот, па месото и се додека не се потроши материјалот и на крајот треба да завршите со зелка.
Потоа се прелива со мешавината од кисело млеко, жолчките и малку млеко.
Се приготвува на умерена температура околу 60 минути се додека врвовите на зелката не добијат кафеава боја.
Имајте пријатен ручек……