АВТОМАТ КЛУБОВИТЕ АСТРА ДОНИРАА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 20.000 ЕВРА НА ОПШТА БОЛНИЦА ВО ОХРИД

ПРОДОЛЖУВА ХУМАНИТАРНАTA АКЦИЈА НА ГРУПАЦИЈАТА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА

АВТОМАТ КЛУБОВИТЕ АСТРА ДОНИРАА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 20.000 ЕВРА НА ОПШТА БОЛНИЦА ВО ОХРИД

ЈЗУ Општата болница во Охрид доби 10 електрични кревети како донација, во износ од 20.000,00 евра од автомат клубовите „Астра“. Оваа донација е дел од  хуманитарната акција на компаниитеод Групацијата НОВОМАТИК во Македонија.

Станува збор за акција каде членките на групацијата НОВОМАТИК донираат потребна медицинска опрема на здравствени установи во државата кои се соочуваат со борбата против COVID-19 вирусот.

Како компанија автомат клубовите „Астра“ веруваат дека овој предизвик може да се надмине заеднички, со несебична помош и поддршка онаму каде што е потребно, бидејќи се бориме за заедничка цел, зачувување на нашето колективно здравје.

Креветите се хидраулични со промена на положбата на телото на потребите на пациентот и се наменети за интерното одделение  кое е најфреквентно одделение во Општа Болница Охрид и регионален центар за општа интернистичка патологија со посебни соби за изолација за сомнителни недокажани пациенти од различна патологија кои се поврзани со COVID-19. – изјави Др. Горан Балевски, директор на болницата.

Со почит,

АВТОМАТ КЛУБОВИ „АСТРА“, ГРУПАЦИЈА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.