Тирамису фрапучино: Рецепт за пијалак со кафе и чоколадо

Овој кремаст и освежувачки пијалак е најдобар во комбинација со неколку бисквити и попладневно уживање.
За подобро расположение додајте неколку капки ликер од кафе. Можете да го замените со рум, ликер од лешник или ликер од бадеми кои исто така одат одлично со чоколадо и сладолед.
Тирамису фрапучино: Рецепт за пијалак со кафе и чоколадо
Потребни состојки:
100 милилитри ладно и силно кафе
100 милилитри млеко
50 милилитри ликер од кафе
2 лажички маскарпоне
2 бисквити (или по желба)
2 лажички чоколаден сируп
250 милилитри кршен мраз
2 лажици кафе или сладолед од ванила
2 темни чоколади
Начин на подготовка:
Измешајте го кафето, млекото, ликерот, маскарпонето и мразот. Блендирајте ги.
Ставете ја течноста во високи чаши.
Додадете лажичка сладолед во секоја чаша.
Посипете со рендано чоколадо и прелијте со сирупот.
Послужете со бисквити.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.