Овој рецепт кој се приготвува бргу е идеален за неочекувани гости.
Состојки:
околу 300 до 400 гр пилешко бело месо
50 гр стопен маргарин
5 лажички павлака
1 лажичка презла
3 чешниња лук / може и повеќе ако сакате
варен компир
вегета
сол
бибер или некој зачин по желба
Подготовка:
Пилешкото бело месо исечете го на шницли
Посолете го со вегета или сол
Погрижете се добро да впие. По желба може да ставите и бибер за поубав вкус
На дното од плехот наредете ги компирите кои претходно сте ги излупиле и исечкале
Потоа посолете ги или зачинете ги со вегета
Одозгора наредете го белото месо кое претходно сте го потопиле во стопениот маргарин
Потоа павлаката ставете ја во еден сад и во неа ставете презла и вегета, бибер и лук. Промешајте ја смесата и ставете ја на пилешкото
Кога ќе ја истрошите павлаката размачкајте ја и јадењето е подготвено за печење
На почеток ставете фолија за да не се запече
Печете околу 30 минути
Пред крај на печењето тргнете ја фолијата малку да се запече.