Обама и новата Ладна војна

Американскиот претседател Барак Обама, најави дека САД во Источа Европа ќе стационираат дополнителни воени сили. По посетата на една заедничка единица за полски и американски пилоти, Обама во Варшава најави нови мерки. Белата Куќа наведе дека ќе го засили учеството на американските војници во воените вежби во Европа и дека ќе го зголеми бројот на воени бродови пред бреговите на Русија. Обама на своите европски сојузници им испрати и барање да издвојат повеќе пари од буџетот за војката. Иницијативата на Обама сега треба да ја одобри и Конгресот.Еве неколку извадоци за тоа што мислат дневните весници за оваа тема:
Јунге Велт (Берлин), констатира дека Барак Обама „сака да предизвика воена хистерија во Европа“.
Рајн-Некар цајтунг, смета дека „веројатно целта на САД е да ги поттикне НАТО-сојузниците во Европа за поголемо ангажирање. Но, зошто? Во конфликтот околу сферата на влијание наречена Украина, не може да се победи со воени средства. Дипломатскиот успех би бил поевтин и подолго би траел.“
Бадише цајтунг: „Милијарда долари? САД порано толку трошел за само неколку дена во Авганистан. Поверојатно е дека иницијативата на Обама има цел да ги смири источноевропските членови на НАТО, отколку да ја импресионира Русија.“
Ландесцајунг: „Тоа е само враќање кон образецот на Ладната војна за која верувавме дека одамна е завршена.“
Нирнбергер нахритен потсетува: „Оној што сака да знае што го придвижува Путин, треба само да го прочита неговиот говор на Конференцијата за безбедност во Минхен, во 2007 година. Уште оттогаш, рускиот претседател предупредуваше на опасноста од светскиот монопол со кој владее САД, кои игнорирајќи го меѓународното право, безобѕирно им ги наметнуваат својата политика и својот економски систем на другите држави. И покрај тоа, Путин тогаш изјави: И покрај сите разлики во мислењата, на претседателот на САД гледам како на пријател. – Барак Обама, кој е добитник на Нобеловата награда за мир, вчера требаше да го потсети Путин на тоа, наместо да додава масло во огнот.“Еве неколку извадоци за тоа што мислат дневните весници за оваа тема:
Јунге Велт (Берлин), констатира дека Барак Обама &bd

Пронајдете не на следниве мрежи: