Иако ситуацијата е сериозна, многумина сè уште не носат заштитни маски за лице. Има многу луѓе во земјава, но и во светот, кои одбиваат да носат заштитни маски за лице, што доведе до бројни дебати, но и потреба да се воведат казни.
Една неодамнешна студија откри дека шест од десет возрасни лица нема да носат маски во кафуле или ресторан, покрај тоа, помалку од 50 проценти од луѓето се подготвени да ги носат за време на шопинг, а само 16 проценти би размислиле да носат маска кога излегуваат од куќата.
Иако знаеме дека маската може да спречи болести, останува прашањето зошто толку многу луѓе сепак одбиваат да носат маски?
-Ако сте некој кој обично ги крши правилата и има проблем со регулативите, тоа може да влијае на вашиот избор да носите маска. Од друга страна, ако сте некој што ги следи правилата, тогаш веројатно ќе бидете подготвени да носите маска на лицето, изјави психологот д-р Елена Турони, пренесе српски Телеграф.
-Исто така, многу зависи, од степенот до кој мислите дека коронавирусот е закана за вас и за другите. Некои луѓе избираат да носат макси за да ги заштитат другите. Ако сте некој кој смета дека вирусот не е голема закана и по природа сте поборници, носењето маска може да се смета како повреда на вашите сопствени слободи, додава психологот.
Студијата покажа дека третина од луѓето сметаат дека маските не ги штитат од вирусот, а дури 13 проценти од нив сметаат дека тие се бесмислени. Една третина од луѓето изјавиле дека се чувствуваат непријатно поради маската, а оние кои одбиваат да носат маски се претежно мажи.
Знаеме дека маските ги штитат другите од зарази ако сме заразени отколку што нè штитат од зарази, но треба да се има предвид дека дефинитивно е подобро да се носи маска затоа што може во голема мера да ја намали можноста од инфекција