3 идеи за здрав, диетален и вкусен појадок

Без разлика дали сакате да ја намалите вашата телесна тежина или да ја задржите моменталната, здравиот појадок е многу важен оброк и во двата случаи. Ние ви предлагаме 3 идеи за здрав појадок од кои два се благи и еден е солена варијанта.

Секако по ваша желба можете идеите и да ги модифицирате и повторно да добиете одличен појадок по ваша мерка.

  • Печени тост-лепчиња

Самата помисла на печени тост-лепчиња за појадок може да ви звучи чудно, но што ако ги претворите во нешто навистина вкусно и здраво? Намачкајте малку мед или путер од кикирики на лепчето, додадете сечкано овошје како јаболко или банана и уживајте во секое залче.

  • Овесна каша

Овесот е со цело зрно, има мал број маснотии и е нискокалоричен. Има убав вкус кој сепак е доволно лесен така што во него може да се додадат други продукти како свежи банани, бобинки или нешто слично. Може да декорирате со суво овошје како грозје или со лешници за да биде уште повкусно.

  • Омлет

Јајцата се сметаат за најефективната храна за слабеење, па омлетот не е исклучок. Тој се смета за прекрасен појадок без масти и има висока енергетска вредност бидејќи јајцата се богати со протеини. Измешајте 2-3 јајца, а потоа додадете и малку кромид, пригответе ги во тефлонско тавче, а подеднакво добро со убавиот вкус одат и нискокалоричниот мајонез или кечапот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.