четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сончево време со засилен ветер, од петок дожд

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од северозападен и западен правец. Вдолж Повардарието повремено повторно ќе се засилува.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 29 до 36 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 33 степени.
Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време, освен во петок попладне и во сабота, кога ќе има појава на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.

Поврзани вести