Белград го чуваат 300.000 вреќи, Сава е во благ пораст

Сава е во благ пораст за околу два центиметри на час, така што пониските делови на Белград засега се безбедни. По должината на брегот на Сава досега се поставени околу 300.000 вреќи со песок, а уште 50.000 се спремени како резерви.Градоначалникот на Белград, Синиша Мали изјави дека ситуацијата за одбраната на градот од поплави е под контрола и верува дека активностите кои моментално се преземаат ќе бидат адекватен одговор на сегашното ниво на Сава.
-Вчера и завчера ги ангажиравме сите ресурси за да направиме бедеми. Белград има 12 километри брег на Сава, кои е потребно да се бранат и котата 76 потполно е заштитена. Во овој момент, водата се наоѓа на околу два ипол метри од бедемите, изјави Мали.
„Имаме план за второ ниво на одбрана, но во овој момент мислам дека поставените бедеми ќе бидат доволни“, додаде Мали.Градоначалникот на Белград, Синиша Мали изјави дека ситуацијата за одбраната на градот од поплави е под контрола и верува дека активностите кои мом

Пронајдете не на следниве мрежи: