Русија смета дека ГМО произведувачите на храна треба да се казнуваат како терористи

Во рускиот парламент се даде предлог-закон кој бара да се наметне казна и криминално гонење за произведувачите на генетски-модифицираната храна, која е штетна за здравјето на луѓето и околината. Во најлош можен случај, ќе се отвара и криминално досие за компаниите кои ќе бидат вмешани во увозот на ГМО производи во Русија.„Кога ќе се почини терористички акт, неколку луѓе обично се повредени. Но, ГМО производителите можат да им наштетат на илјадници луѓе. Последиците се полоши. И затоа казните треба да и соодветствуваат на тежината на криминалното дело“, вели Кирил Черкасов, член на Одборот на комисијата за агрикултура во руската Дума.
Рускиот закон дозволува и затворска казна со времетраење од 15 години и доживотен затвор за тероризам.
Компаниите за кои ќе се смета дека не направиле огромна штета при увозот на ваквиот вид храна, ќе се казнуваат со парични казни. На пример, казната ќе биде околу 20.000 рубљи (560 долари), доколку не се пријави инцидент за загадување на животната околина, што исто така може да се поврзе со штетната ГМО контаминација.
Имено, Русија даде зелено светло за увоз на ГМО храна во земјата, како и за посадувањето на семиња од таков вид. Сепак, дел од руската влада е скептичен во однос на тоа прашање. Во април, министерот Дмитриј Медведев објави дека ќе го одложи процесот за одгледување на ГМО растенија во Русија, поради недостатокот на соодветна инфраструктура, која е потребна за да се тестира нивната безбедност.
Доколку дојде до усвојувањето на новиот закон, ќе биде тешко да се спроведе во пракса.
„Глобалната фармацевтска индустрија помасовно ги употребува ГМО производите, отколку индустријата за храна. И се наметнува прашањето, кој би требало да се казни во овој случај? – Производителите на лекови кои се наменети да ги излечат луѓето, или тие што сакаат да го забранат производството“, коментираше Александар Корбут, потпретседателот на Руската унија за производство на житарки.„Кога ќе се почини терористички акт, неколку луѓе обично се повредени. Но, ГМО производителите можат да им наштетат на илјадници луѓе. Послед

Пронајдете не на следниве мрежи: