Се урна руската Протон-М ракета која носеше најсовремени сателити

Руската ракета која што носела навигациски сателити се урна во петокот, девет минути по полетувањето надвор од територијата на Казахстан. Експрес-АМ4Р требаше да биде најсовремениот и најмоќен руски сателит.Се смета дека до уривањето дошло поради дефект на еден од моторите за управување, изјави Олег Остапенко, претставник на Руската национална вселенска агенција – Роскосмос.
Деловите од ракетата и нејзината содржина наводно изгореле во атмосферата.
Лансирањето беше невообичаено во 540-тата секунда од летот на ракетата, кога беше очигледно дека еден од моторите не се вклучил како што треба.
Специјална комисија од Руската Федерална Вселенска Агенција ќе спроведе истрага да се утврдат вистинските причини за уривањето на ракетата.
Имено, лансирањето и опремата биле осигурани на 225 милијарда долари.
Сателитот во ракетата требаше да обезбеди интернет пристап за одредени региони во Русија, по пристапни цени. Ова беше трето лансирање на серијата сателити -Експрес годинава. Во март, Експрес-АТ1 и Експрес-АТ сателитите, беа лансирани во орбитата.
Во 2013 година, Русија изведе 32 од можни 82 лансирања во светот, од кои само едно беше неуспешно.
Се смета дека до уривањето дошло поради дефект на еден од моторите за управување, изјави Олег Остапенко, претставник на Руската национална вселенск

Пронајдете не на следниве мрежи: