Бремена христијанка е осудена на смрт со бесење поради својата религија!

– Ви дадовме три дена да се откажете од христијанството, но вие инсистиравте дека нема да му се вратите на исламот. Ве осудувам на смрт со бесење.- Вака судијата и се обрати на жената која е казнета со сто удари со камшик поради прељуба.Денес во Судан една христијанка била осудена на смрт со бесење поради напуштање на исламот. И покрај жалбите на странските амбасади кои беа упатени до суданскиот суд да покаже сочувство и почитување кон верските слободи, одлуката не е изменета.
Нејзиниото христијанско име е Меријем Јахиа Ибрахим Ишаг. Судијата ја осуди Ишаг и на сто удари со камшик поради прељуба.
Ишаг, која има 27 години и е бремена, не покажала никакви емоции кога судијата и ја изрече казната во судот во Картум.
Пред сослушувањето, исламскиот лидер разговарал со неа околу 30 минути, барајќи од неа да се откаже од христијанството. Жената со мирен глас одговорила дека е христијанка и дека никогаш не направила никакво верско „отпадништво“.Денес во Судан една христијанка била осудена на смрт со бесење поради напуштање на исламот. И покрај жалбите на странските амбасади кои беа упатени

Пронајдете не на следниве мрежи: