Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо веќе подолго време се на одмор, а постојано споделуваат фотографии од луксузната јахта каде што се наоѓаат со своите деца и пријателите.
Манекенката Џорџина Родригез (24) и фудбалерот Кристијано Роналдо (35), продолжуваат со своето уживање на луксузната јахта.
Тие со неа посетиле многу места, биле во италијанското одморалиште Портофино, а парот летува и на крајбрежјето на Монако.
Со Џорџина и Роналдо на јахтата се и нивните пријатели и деца, а фудбалерот повеќе пати досега го покажал своето извајано тело.
Џорџина овојпат го покажала своето природно лице, без шминка, а фановите се согласни дека изгледа фантастично.
Фотографијата ја објавила на социјалната мрежа Инстаграм, па собрала многубројни лајкови.