Вака се лекуваат Русите и ден-денес: Компирот го лекува целото тело, но само ако се консумира на овој начин

Компирот е една од најзастапените намирници во домаќинствата ширум светот.
Освен што е исклучително вкусен и може да се приготвува на различни начини, компирот може да послужи и како лек бидејќи поседува многу лековити својства.
Народни лекови со компир од минатото
Компирот е познат лек за срце и крвоток. Руските народни рецепти препорачуваат сите постари луѓе од 40 години секое утро пред појадок да изрендаат еден средно голем сиров компир и да го изедат за да спречат артеросклероза.
Еден стар лек против тенија препорачува навечер да се јаде компир салата со масло од ореви, 3 дена по ред.
Во Русија во минатото се резбале чепчиња од свежи компири и се ставале во анусот како брз лек против хемороиди.


Свежиот сок од сирови компири и врелата компирова вода се ставале на болните делови од телото, во случај на гихт, реума и лумбаго.
За покачен крвен притисок, сварете кора од 4-5 компири 15 минути во 600 мл вода. Секој ден консумирајте 1-2 шолји од оваа процедена и разладена течност.
Внатрешна лековита употреба на компирот


Со оглед на тоа што речиси воопшто не содржи маснотии, компирот е одличен извор на енергија за оние што сакаат да ослабат. Сепак, во народните лекови најмногу се користи сок од сиров компир и тоа традиционално за дигестивни проблеми: диспепсија, колика, гастритис, чиреви на дигестивните органи, болести на црниот дроб, жолчни каменчиња и констипација, и како антацид.
Новите истражувања покажуваат дека компирот содржи некои состојки кои се можеби делотворни против вируси и рак. Кората има антиоксидативни својства, ги неутрализира разорните слободни радикали кои се поврзани со цела низа дегенеративни болести, а со тоа го забавува процесот на стареење.
Надворешна употреба на компирот
Сокот од сировиот компир ги смирува воспаленијата и го забрзува заздравувањето на кожните инфекции, хроничниот дерматитис, раните и чиревите. Изренданиот компир помешан со маслиново масло успешно се користи за лекување изгореници, изгореници од сончање, испукана кожа и отечени очни капаци. Кората од сиров компир е добра облога за рани и гребаници, а кога ќе се стави на слепоочниците, и за главоболки и мигрени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.