Одлична комбинација од вкусови за одличен викенд! Овој рецепт со кафе, чоколадо и банана сигурно ќе ве воодушеви.
Викенд рецепт: Сладолед со кафе
Потребни состојки:
2 големи зрели замрзнати банани
12 г какао
4-6 г инстант кафе или еспресо
15-30 милилитри млеко по избор и само ако е потребно
за декорација: сечкана банана, чоколадни струготини
Начин на подготовка:
Во блендер додајте ги бананите, какаото, кафето и блендирајте.
Ако се блендира тешко, тогаш додајте млеко. Но, внимавајте да не додадете премногу, бидејќи ќе биде многу течно.
Додајте повеќе кафе или какао по вкус.
Украсете со чоколадни струготини, прелив од чоколадо, банани или по избор.