Путин воведе казна во износ од 1.000 евра за пцуење!

Законот за забрана за пцуење ќе стапи на сила на 1 јули и од тој датум за секоја пцовка во филм, театарска претстава или концерт, ќе биде изречена казна од 50 евра за физички лица, додека правните лица ќе мора да платат неверојатни 1.000 евра.Сличен закон е усвоен во април минатата година, кога пцуењето беше забрането во медиумите. Во декември 2013 година, на Институтот за руски јазик и на Руската академија на науки беше воведен список од четири збора кои се сметаат за пцовки.
Списокот вклучува два збора кои го означуваат машкиот и женскиот репродкутивен орган, еден збор кој го опишува процесот на размножување и еден збор кој се однесува на промискуитетните жени.
Меѓутоа, најновиот закон се` уште нема објавено список на забранети зборови. Според податоците од Министерството за култура, овој закон нема да ги намали уметничките вредности.
-Разговаравме за оваа проблематика и одлучивме да не менуваме ниеден текст од нашиот репертоар, вклучувајќи ги и пцовките во него, но на актерите ќе им биде забрането да импровизираат, изјави Варвара Фаер кој е режисер на претставата „БерлусПутин“ во Московскиот театар.
Во овој театар се изведува и претставата „Демократија“, чија режија вклучува и интеракција со публиката. Имено, зза време на изведбата се бара од публиката да ги изнесе своите ставови. Во склад со новиот закон, дури и ако актерите се придржуваат кон сценариото, а некој опцуе од публиката, следуваат казни.Сличен закон е усвоен во април минатата година, кога пцуењето беше забрането во медиумите. Во декември 2013 година, на Институтот за руски јазик и

Пронајдете не на следниве мрежи: