Драма: Руски бомбардери стигнале до Калифорнија

Во моменти кога кризата во Украина може да влијае на светската безбедност и стабилност, Русија со воени авиони го надлетува американскиот воздушен простор.Американскиот воздухопловен генерал Херберт Хок Карлајл изјави дека забележале присуство на руски бомбардери над Калифорнија, како и над Тихиот Океан.
Американците се загрижени поради овие летови на руските бомбардери над нивниот западен брег, и особено летови над островот Гвам, каде има многу важна Американска воена база. Над овој остров неодамна за малку беше избегнат судир на американски и руски авион.
Генерал Карлајл е загрижен поради овие маневри на руската армија над Тихиот Океан, особено поради тоа дека Американската армија годинава го скрати својот буџет за повеќе од милијарда долари. Од друга страна пак, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу најави засилување на военото присуство на Русија во црното море, но и во Тихиот Океан.Американскиот воздухопловен генерал Херберт Хок Карлајл изјави дека забележале присуство на руски бомбардери над Калифорнија, како

Пронајдете не на следниве мрежи: