Дали конечно ја пронајде сродната душа: Емина Јаховиќ во врска со згоден програмер?

Пејачката Емина Јаховиќ наводно запловила во нова љубовна романса со згодниот програмер Рон Гурчај, пишуваат турските медиуми.
Емина и згодниот програмер наводно во врска се еден месец, а како што наведуваат медиумите тие свесно ја кријат својата романса и ја држат далеку од очите на јавноста.


Иако не сакат јавно да се експонираат, турските медиуми пишуваат дека тие двајца неколку пати се видени заедно, во близина на вилата на пејачката во Турција.
Рон наводно е сместен во хотел, недалеку од семејниот дом на Емина, каде што таа живее со своите синови, а со цел да бидат што поблиску.
Претходно Емина во 2008 година се венчаше со турскиот пејач Мустафа Сандал, а се разведоа после 10 години брак, од кој ги имаат своите два сина Јавуз и Јаман.


После разводот, Емина беше во врска со турскиот милијардер Седатин Саран, а истата ја прекинале во октомври минатата година.
Инаку, пејачката до сега не се огласи по повод ваквите натписи во медиумите, а судејќи спрема нејзините објави на социјалната мрежа на Инстаграм, таа изгледа задоволно и среќно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.