Погледнете како овој човек преуредил и максимално искористил 51 квадрат животен простор
Малите станови што се преуредени така што можат да им овозможат комфор на повеќечлени семејства секогаш воодушевуваат. Доколку поседувате стан од педесетина квадрати, ова одличен пример како можете да го опремите за да биде крајно функционален.
Станот на последниот кат од повеќекатница му овозможил на сопственикот излез на покривот, кој во овој случај е преуреден во градина. Целиот покрив е дизајниран така што на него може да се засади зеленчук и цвеќе, додека станарите добиле парк и простор за уживање.
Во овој случај, станбениот простор голем 51 квадрат е поделен на спална соба, кујна и дневна соба, тоалет, шпајз и тераса.
Ваквите станови се наменети за да се живее во нив со полни гради, без оптоварувања!