Во обид за атентат ранет градоначалникот на Харков

За сега непознати сторители му пукале в грб на проруски ориентираниот градоначалник на украинскиот град Харков, Генадиј Кернес. 
Инцидентот се случил денес, додека Кернес возел велосипед. Лекарите се уште се борат за неговиот живот.
Кернес е познат во јавноста по неговите сурови методи против неговите критичари. За време не тримесечните проевропски протести, кога од власт беше симнат прорускиот претседател Виктор Јанукович, држел во заложништво и малтретирал поддржувачи на проевропските политики.
Во Март Киевскиот суд почна процес против него за овие дела, но тој ја задржа функцијата. Кога Јанукович избега од Украина, избега и Кернес, но тој подоцна се вратил во Харков, каде сега е главна поддршка на проруските сепаратисти.
  
Инцидентот се случил денес, додека Кернес возел велосипед. Лекарите се уште се борат за неговиот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: